Телевизија Нова 12 (попозната како ''ТВ Нова'' или ''Канал 12'') е прва приватна телевизија во Македонија формирана во почетокот на 1992 година во Гевгелија. Првото име на телевизијата беше Канал 12, а од 2004 година работи под името Нова 12. Телевизијата емитува 24 часовна програма, а најголем процент на гледаност имаат локалните вести - Објектив и емисиите "Од страница до граница" и "Евергрин".