Watch :3

Star Stipski Rap - DEL 1

17 videos • 1,438 views • by Jazzy Boom Bap (Mista 93) Стар Штипски рап. Година на Издавање: 2003 Ова е албум кој беше издаден во 2003та година во Штип. Овој албум е издаден со цел да се покаже во тој момент кој од артистите активно ја градеа Штипската рап сцена, покрај други пионерски имиња на артисти од Штип кои исто така твореа многу квалитетен рап како што се Штип Хоп. Во оваа компилација од артисти, има траки кои се со различен тип на аудио квалитет, но сепак, целта е да се покаже љубовта на Штип, и уделот во македонскиот рап кој Штип стабилно го носеше на грб и стабилно го градеше од темел уште од почетокот на 90те заедно со другите рап групи од Cкопје како Да Мост Вонтед, Уличен Ритам, Чиста Околина,САФ и уште некои други од тоа време и подоцна кон крајот на 90те покрај Темната Страна, Џака Накот, Против Сите, Легијата, Риалити и други архитекти на македонскиот рап. Од Штип потекнуваат неколку многу квалитетни албуми, не можам да тврдам кои се издадени официјално кои не, и дали некои всушност се албуми или колекционерски склопени пакети, но сепак убаво е да се спомене дека околу 2000та некои артисти снимаа по десетина траки кои вредат да бидат чуени во една целина. Албуми за кои знам дека постојат или артисти кои имаат снимано над 10тина траќи од оноа време се - Да Бе Да - Штип Хоп - Str8 Squad ( Бунт ) - Егзекутори - Смирениот - Рибарски - Вербал Сигурно имаше уште артисти кои имаа снимано повеќе траки но јас не се сеќавам на такви од тоа време пред 12тина години. Сега за сега, ѓи имам албумите на сите горе наведени освен на Егзекутори за кои макотрпно се мачам да го земам албумот. Исто така од СТР8 СКУАД т.е. БУНТ се мачам да најдам 2/3 траки али сега за сега безуспешно. И да не заборавам, ги барам траките од Грбави Рапери сите. За секоја стара штипска трака од оние кои ги барам, давам по 1000 денари од песна на тој кој ќе ми ги најде.